мошне (прил.) - близок (прид.)

Тој е и останува значаен поради неговото влијание и поради она што го оплодил.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дали современиот уметник денес поседува вака широк опсег на изразување? Се чувствувам мошне близок на колажите и на остварувањата какви што се MERZBAU.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ја ценам подеднакво и неговата слобода во однос на стратегиите на интервенција. Можете ли да го објасните поимот “стратегија на интервенција”? Во овој случај, стратегија на интервенција значи избор на употребените средства, бидејќи она што сакаме да го изразиме му претходи на начинот на кој тоа ќе го сториме.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Речиси не можеше да постои историја без оружје, како што не можеше да постои оружје без историја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко првин се задржа на заемките од областа на историјата и оружјето, сметајќи ги овие две области мошне блиски и зависни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Има суштинско значење во Големото Стакло и како структурален дел (Окулистичките сведоци) и како теориски елемент (Областа на Невестата е “рефлекс во огледало” на областа на Ергенот).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Огледалото и Duchamp се поврзани мошне блиско. Duchamp беше поистоветуван со Нарцис, а Нарцис и огледалото се поврзани како предметот и неговиот одраз.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа пак, ах, ќе морам еднаш со неа поподробно да ве запознаам, - таа имаше свој метод на казнување, совршено подруг од оној на татенцето, но по суровост беа мошне блиски.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Додека пред 1960-та беше невозможно да се замисли појава 36 okno.mk на ред без централно тело зад него, денес ни се мошне блиски сознанијата за спонтано генерирање на подредени структури, како во неорганските, така и во органските (дури и во социјалните) процеси.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)