мошне (прил.) - интересен (прид.)

Секогаш се чудев на реченицата што ја бев прочитал уште во младоста и којашто ја земав за мото на мојата прва книга; искажана е во разговорот на Нилс Бор со еден млад студент по физика што дошол да побара совет за некоја научна работа; реченицата е следна: „Господине, Вашата теза, всушност, е мошне интересна, но не е доволно будалеста за да има и најмала шанса да биде вистинита”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Јунг повлекува мошне интересна паралела меѓу поимот на огнот и потсвеста, во својот коментар за мистичните патувања на алхемичарот Михаел Маер.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Огнот е, како солта и како Меркур, еден од придвижувачите на трансмутацијата, тој ги измирува спротивностите: „Во алхемијата, огнот пречистува, но, исто така, спротивностите ги претопува во единство.“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Има некои мошне интересни начини на изразување на интимност во ВР.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- Мошне интересна книга е тоа, - рече татко ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Олга Наумовска оваа книжевна работа си ја сработи, со сите тематски разнородности, со сите поетски регулативи, со сите верувања дека ќе се всели во очите и душата на читачот за кој и е наменета оваа мошне интересна поетска стихозбирка, неверојатно искрено, со јасни слики на вистината, онака како што кажува погледот, како што зборува срцето и како што реагира душата.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)