мошне (прил.) - свесен (прид.)

Таквите разграничености ги разлачуваат не само видовите на дискурс туку и видовите на чувствување, стиловите на емоционално изразување и конвенциите на однесувањето и на општествената интеракција.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ми беше јасно, за тоа бев мошне свесен, но немоќен поинаку да постапам, дека она што беше започнало да умира во него, уште повеќе се забрзуваше.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Што, можеби, е сѐ што им треба за да изградат одредени нестандардни односи кон нормативните сексуални и родови идентитети.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Децата, со други зборови, можеби сѐ уште не се свесни дека прават избор на сексуалниот предмет (иако некои од нив можеби се мошне свесни за тоа, особено кога тој избор на предмет е некој нестандарден или неодобруван), но многу се будни за стандардното обродено и сексуално кодирање на конкретните конвенции за емоционално изразување – конвенции кои, од своја страна, им се потчинуваат на законите на жанрот и кои соодветствуваат на прагматичните генерички разграничености, како што е разграниченоста меѓу трагедијата и мелодрамата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто, градејќи нестандардни емоционални врски со културните облици, тие практично го одбиваат силниот општествен повик да заземат конвенционални, хетеронормативни положби и практично се здобиваат со нестандардни сексуални и родови идентитети, идентификации и ориентации.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)