мошне (прил.) - тесен (прид.)

Тоа е комуникативност на мошне тесна група конкретни луѓе, оние што погоре ги споменавме.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Од Витгенштајновата гледна точка и поимот на смислата која ја трансцендира употребата и повикувањето на едно интенционалистичко објаснување на разбирањето на говорникот се длабоко несродни.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
За Витгенштајн врската помеѓу двете тези е мошне тесна и функционира на следниов начин: доколку се прифати интенционалистичкото објаснување на разбирањето на говорникот, со тоа се прифаќа и дека сфаќањето на еден израз може да биде интернализацијата на една објективна смисла, нешто фиксирано со помош на услови кои се независни од праксата на говорникот и согласноста на заедницата.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)