набргу (прил.) - потоа (прил.)

Набргу потоа, по гласот дека џандарите му го истерале окото, и тој пристигна во Потковицата (Тогаш, во 1939-та, во приквечерието на втората Голема војна, заедно со тодета во Потковицата се вратија и многумина други нашинци кои беа отидени таму некаде, низ светот) па луѓето можеа да се уверат дека вистина било тоа што се зборуваше за него.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Набргу потоа сите тројца беа повторно уапсени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За среќа, дете не се роди и на крајот таа се согласи да се откаже од обидите и набргу потоа се разделија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Набргу потоа заспаа за кратко.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А набргу потоа, да се оженам за неа...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во 1941 година приредена ѝ е самостојна изложба во уметничката галерија Коркоран, а набргу потоа изнајмува атеље во Њујорк.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
До своето преселување во Вашингтон во 1939 год (нејзиниот маж работи како амбасадор во САД до 1948 година), таа е веќе релативно афирмирана вајарка.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Набргу потоа сите знаеја дека во работните денови, од понеделник до петок, по 19 часот, во ресторанот „Кај Таки“ за припомош беше ангажиран Гоше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Набргу потоа автобусот се изгуби зад нивјето со пченки, а токму таму започнуваше автопатот што водеше кон Метрополата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се свитка во клопче, ставајќи си ги рацете сплотени со дланките меѓу колена, навика останата уште од детството, кога со грбот ќе се залепеше до градите и стомакот на мајка си, чувствувајќи топлина и сигурност како да е во нејзината утроба. Набргу потоа заспа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Набргу потоа слушнав и за Zap Comix. Тогаш обично го читав Eye, еден псеудо-културен магазин за млади.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И навистина набргу потоа ете ти ја Лисицата.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Нарушената безбедносна состојба бездруго ќе ги „седне“ него и неговите најлути противници во иста влада, а набргу потоа и на иста маса со албанските партии и со „олеснувачите“ на дијалогот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Долината се исполни со ѕвонеж, блеење, набргу потоа залаја и некое од кучињата, така што сивиот зимски ден вака весело озвучен, стана попријатен.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Оваа пироманија како да стана мода и, набргу потоа, се запали и библиотекарката Ана Александровна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Траеше сѐ дури набргу потоа не беа сосема сигурни оти местото во животот и сега останало непронајдено; ни времето дочекано; и на сите им беше од тоа мака.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тогаш тој можеше да здогледа како се преметнуваат еден врз друг и како почнуваат да патуваат некаде кон југ сите тие памучни облаци, добивајќи и самите некаква потрусеност на сињак во своите израскинати параници и, уште веднаш, штом ќе му се стореше дека веќе ниеднаш нема да има над себе едно такво смирено небо, еден друг ветер, еден многу поблаг и попитом ветер, многу посилен со својата смиреност, ги земаше пред себе сите тие облаци и набргу потоа тие пак се распостилаа по сета небесна шир, питоми како јагненца и меки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Набргу потоа, Елена забележа. Во очите на Марија имаше насобрано многу тага. Делуваа болно.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но, набргу потоа го опфати задоволство.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)