навистина (прил.) - таа (зам.)

Ако се придодаде на ова и тоа дека навистина таа ноќ, во вторникот спроти средата, помеѓу Богојавление и Свети Јован Крстител, Јосиф Акиноски и Васил Митрески видоа човек кој во Потковицата дојде по Градишки Пат, по себе водејќи коњ а в раце носејќи нешто завиткано небаре дете, сѐ друго остана да биде зачудувачко и да биде тајна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дали навистина таа не гледа дека веќе не сум мал?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Да ѝ ги помилува образите и да ја бакне во големата уста.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Господе, - помисли Рада - сигурно не е живо. Навистина таа ниту го виде, ниту му го слушна плачот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дора беше запозната со својата улога уште пред да тргнат и се прпелкаше во рацете на Авни кој полека ја симнуваше надолу, на подот, земајќи ѝ го лицето меѓу дланките, за да ја погледне во очите, за да знае дека таа е навистина таа, која, речиси, никогаш дотогаш не ја видел.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тогаш всушност и сфати дека навистина таа и е причината поради која тој ќе се зафати со учење на јазик, па се посрами пред себеси.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Навистина таа изгледаше милозливо со тие крупни солзи. Девојчето скокна и уплашено му се загледа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Да навистина таа имаше ”големи“ обврски.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)