навистина (прил.) - те (зам.)

- Овде сум - вели таа – овде сум, но колку што се сеќавам ме немаш предупредено дека напати практикуваш да се прикажуваш и сосема откачен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Били имаше око за отпад; го снабди целиот Фектори со работи кои ги пронајде на улица.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А, во моментот кога и тој што те работел цела ноќ ќе почне да верува дека навистина те мачела некоја болештина, заедно со неговата жена, да не речам глупача... сите испити ти се положени!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Амфетаминот навистина те ослободуваше, но тоа го правеше неговиот недостаток крајно забавен.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сиот насмеан влегуваш во таа ветена рајска соба, а таму навистина те чекаат ветените 77 девици...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Џерард беше поинаков, тој земаше даунери како плацидил; неколку даун-а, малку ЛСД, малку марихуана, но ништо редовно. 166 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Ако ме познаваш, познавај ме, се согласи човекот. - Тоа мене не ме засегнува. - Не, не... Навистина те познавам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Навистина те познавам – ѝ велам – но многу си далеку.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)