навистина (прил.) - ја (зам.)

Овие два лингво-интелектуални Дон Кихоти, како што вели нараторот, имаат своја цел: нивната крајна цел беше со нивните можеби единствени библиотеки во кои се дополнуваа Балканот и Европа, со книгите замислени како енциклопедиско надополнување на историското и културно минато, да го спасат Балканот од внесувањето на погрешните идеи, често накалемувани за во иднина кај народите по завојувачките војни и долговечната превласт на империите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како и Хермоген и Кратил, кои во дијалогот Кратил расправаа за вистинитоста на зборовите, односно дали тие навистина ја репрезентираат суштината на нештата што ги означуваат, нашите ликови, балкански Хермоген и Кратил, расправаат за вистинитоста на балканските јазици и дали тие вистинито го одразуваат она што го означуваат културниот и националниот идентитет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во некои моменти навистина ја благословував технологијата зошто вистински знаеше да ме извади од кризи и повремени депресии.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ако ова е премногу сложено, мора најнапред да се преправа дека не ја чувствува страста што навистина ја чувствува, потоа да ја глуми страста што не ја чувствува и да се преправа дека некои силни напливи на огорченост, омраза и завист се невистински, или не се случуваат, или се нешто сосема друго.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ами ако навистина ја заболи забот, си мислев јас застанат над бунарот, ако заради тоа, место една, испијат по две, или по три, или дури и по четири, тогаш дали Јован утре ќе биде кадарен да дојде и да копа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таа ноќ не ја преспав мирно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Одлуката на Иван навистина ја сметав избрзана!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Грдите претчуства од разговорот со Иван се трудев да ги истуркам уфрлувајќи помеѓу нив некои од дежурните теми на мојот несреден живот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Ја прашав: кога се паѓа роденденот на В. Зрновски? - упорно настојував да го уверам дека навистина ја сретнав Јана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
– За жал таа го изумила датумот кога ѝ се родил сопругот – додадов по малку злобно и љубопитно ја очекував неговата реакција.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Пелагија ја слуша, ја гледа, ама како да не е онаа Чана која навистина ја познава, оваа како да е некоја друга, освен што ја има позајмено големата снага на вистинската Чана!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
-Јас сакам да проверам дали навистина ја сакам Ирена, или само се залажувам!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
„Син ти расте“, рече тато, “и не очекувај сѐ да ти кажува“.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Збор по збор од уста да ти влечам. Каде се оние златни времиња, кога трчаше од училиште дома и сѐ ми раскажуваше“, разочарано воздивна мама.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Овој пат тато навистина ја рече правдината.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)