навистина (прил.) - убав (прид.)

„Душата како пеперуга што шета. Навистина убава метафора!“ запишал во своите „Ливчиња“ доцна таа вечер Ѓошо Савев, очигледно во поетско расположение...
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Навистина убаво место. И климата е пријатна.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Навистина убаво маче но прашајте ја Милка кој го нацртал. Твое ли е Милка? - запраша.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Навистина убав, обмислен ред на постапки; сѐ се чини толку природно; мислам дека неа воопшто не би ја збунил заклучокот дека сите овие постапки всушност укажуваат дека таа е домаќинка која отворено ја прикажува својата наклонетост кон уредноста: Ништо не смее да пречи, да недостасува но дури ни да стрчи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Оваа вечера беше навистина убав подарок за нашата 25-годишнина од брак.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)