навистина (прил.) - веднаш (прил.)

Добро, ние знаеме дека нивното авторство е несомнено и драгоцено, ама сепак остануваме фокусирани на текстот а не на неговите пишувачи.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кога би требало да се определам за една од книгите од Твојата втора авторска фаза (ќе се согласиш ли неа да ја атрибуираме како белетристичка?), сигурна сум дека веднаш, безмалку рефлексно, без да се двоумам или да размислувам, навистина веднаш би ги избрала токму Татковите книги.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сакам да кажам дека книгите од Твојата иницијална (прва) авторска фаза оние десетина тома во кои се собирани Твоите есеистички и критички текстови концентрирани врз одделни книжевни феномени или маркантни писателски личности (да не ги заборавам патописите!) главно ги читав како колешка, професорка по компаративна книжевност, теоретичарка на која примарниот (дури и исклучителен) интерес ѝ се посочените топоси или теми што Ти си решил да ги третираш следејќи ги строгите правила на научната методологија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)