навистина (прил.) - така (прил.)

-Моето паѓање е секогаш смртно! - Навистина така ѝ реков.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Навистина така мислиш?“ ѝ рече, а кога таа потврди со главата, се насмевна уште еднаш и со онаа иронија, која понекогаш ѝ се чинеше дека ја има само овде, на Балканот, промрморе: „Никој не е доволно заштитен од судбината на својот народ...“
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Свадба рекоа. И навистина така беше.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
— Нѐ истепаа ноќеска Турците, господин војводо, — му се поплака момчето и му ги покажа сињилата по образите и вратот од Расимовиот камшик.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И навистина така стана. Уште по полноќ дотрча еден од мелничани и стори абер дека аскерот излегол и се наоѓа во нивното селце, но никој не смееше да го разбуди Толета дури не пукна зората.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Остави ги работите сами да си бараат корито, сами да си се редат, навистина така си реков и кренав раце, иако, ова нешто за прв пат го признавам, на жената не ѝ е лесно кога нејзиниот маж ќе се заплетка на такво место и со такви луѓе.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Луис беше вон себе од бес: „Мислам, еби го, тоа е вистински вестерн. Дивиот Запад навистина така изгледал“.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Се викавме вистина „Бугари” и „христијани” во национална смисла, но зошто тоа е и дали е навистина така – ние не се запрашувавме многу— многу.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)