нагоре (прил.) - по (предл.)

И ќе полазаме нагоре по селата. Ќе пливнеме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Патот до границата е стрмен: наместа оди низ тунели од густо борово зеленило, потоа низ чисти ледини презаситени со опојни мириси од секакви билки и цвеќиња, потоа патот слегува надолу во планинските усеци низ кои шумолат планински потоци, и пак се крева нагоре по голиот планински стр од каде што се открива прекрасен видик на сиот простор наоколу.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Се искачив нагоре по скалите, следен од молчаливите погледи на Надежда и на мајка ѝ.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тешката актовка што ја носеше, го удираше на секој чекор по коленото, испраќајќи морници надолу и нагоре по кожата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Една извилеста патека води од бунарот, низ бавчата, па надвор нагоре по чаирот дури не упре одеднаш во самото сино небо.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но животот, што почнал така, зел да одминува, се затркалале една по друга годините, а далчниот свет како да ги цедеше преку триста сита добрините, што можеше да му ги искамчи за себе со своите ноктиња еден таков ситен, загубен човек од планините, останат калџија во мајсторските тајфи до својата четириесетта, по скелињата, со рамото, што му паѓало сѐ пониско од тешката копанка, што ја искачувал нагоре по тие дрвени конструкции, од под кои, како пилето од под лушпата, еден ден се излупувало и почнало да живее едно ново здание, секогаш наново, во бескрај.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)