надолу (прил.) - глава (имн.)

Остана да виси и пишти, но само со тоа „олеснение" — со нагоре глава.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А овие магариња да се обесат тука на јаболкницата со надолу глава дури да кажат. Не кажаа ли, сатарот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги најдоа и касапските ченгили на кои Колобан ги обесуваше закланите мрши за да го покажува убавото телешко и јагнешко месо и првин му го навреа едниот ченгил на поп Димитрија за жилата над петици и го оставија да виси со надолу глава обесен за едната нога; другиот му го закачија на Мисирлијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ја наведнувам надолу главата и ја стуткав во рамениците за да се подзатскријам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
— Евет, мудур беј, — одговори наежен јузбашијата и нареди уште сто души аскер да дојде за да ја зајакне одбраната, ако се обиде народот на сила да ја кине блокадата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)