надолу (прил.) - по (предл.)

Точно беше ја измерил Никола длабочината и правецот и тие веќе за десетина дена ги изнесоа парчињата од ќунците и удрија на калдрмисаниот ѓериз доволно широк да може човек помешечка да се провлече стотина метра надолу.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Така почнаа. Ноќе копај во ќошот, со разни парчиња железа што им беа доставени од луѓето на Организацијата, полни ги ќесињата што ги направија од своите крпи за лице, а дење турај ја земјата во клозетите, која водата ја носеше надолу по ѓериз и ја исфрлаше во Драгорот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дојде од купатилото гола. Од задниот дел на косата и плешките, кои не успеала да ги забрише со крпата, ѝ се тркалаа капки вода кои продолжуваа надолу по телото во кривулести поточиња сѐ до задникот и бутовите каде се распрснуваа и, така разлеани, целосно ја препокриваа кожата која со влажниот слој добиваше проѕирна жолто-руменеста боја со необичен сјај.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Си ги исплакнував очите надве-натри, ги земав дисагите на рамо и ги пуштав недоразбудени нозете надолу по калдрмата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Потоа ми се стори дека се преправа оти не знае за која жена ја прашам и на крајот рече: тука, надолу по улицата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Полковниците ги опфати сожалување и долго гледаа по него каде што го влечкаа луѓето надолу по патот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Застана пред портата на Едо Бранов селанецот, погледна нагоре и надолу по уличката и заклучи дека во неговата порта може да се влезе без никој да те види.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Јурнува надолу по скалите. Го удираат в тил пронизливи пискотници на истанчен женски глас.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Целиот простор вдолж ритчето кон Стрежен и надолу по долината кон Црноеч, беше полно народ.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Мече трепна од радост и јурна со количето надолу по патот накај реката, носен со немирни мисли ... ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Го одврзавме од куќичката и тргнавме надолу по улицата кон куќичката на баба Стеве.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога одам во Влае, неизоставно ја посетувам неа и дедо Роман.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Снегулките ми застануваат на веѓите, на трепките и ми се топат надолу по образите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме лаза надолу по ногата и ме прижежува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И нешто ти се разлева надолу по жилите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ниеднаш не го испушти од погледот она клопче, што се лизгаше и ги добиваше сите свои четири нозе и својата умрцната главичка во приближувањето, и тежината, што го влечеше надолу по стрмнината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А тогаш наведнат, со пушката преку рамо, во која останаа само уште два неубоити фишека, што ги изнајде на дното од пазуварката и ги стави за секој случај, преклонето зачекори надолу по широката трага, свесен дека го надмудрија, дека го исплашија, дека го маѓепсаа така, за веќе ни еднаш во скоро време ни да не помисли на лов на самјаци.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Фати сѐ надолу, како тркалото, што најпосле, се откачи од колот на оградата и се стркала надолу по брегот здробувајќи се во парчиња. ...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сите бегалци дојдени од Гаково, од Војводина, веќе знаеја дека во денот кога падна последниот голем снег што ќе држи дури до крајот на зимата во Скопје се појавил Димостен ама не оној што сите го познаваа и чие кадро го носеа од дворот на Одборот кога таму на дрвената кула со едно наведнување си ја откачи едната нога и високо ја крена, овој што поминал од тука (рекол оди надолу по Вардар), не бил ни половина од оној што го знаеја.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Баба Севда се појави на портата. Исчекорувајќи од портата на улица, погледна нагоре и надолу по улицата и се сврти кон портата.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Откога слегоа долу, во станот, Зоки скришум се искрадува пак на таванот и почнува да го гони петелот надолу по скалите.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Се упати кон лифтот, но на вратата стоеше залепен лист: НЕ РАБОТИ. Застенка и тргна надолу по скалите.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Трајче одеше надолу по улицата и ги загледуваше броевите на портите. Го најде и бројот 125.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Наеднаш ми светна дека тој повеќе време јава наутро и ова утро дошол по мене само затоа што знае колку сакам да јавам. – Кој рече нешто за крадење на некаков коњ? – праша тој.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Продолжив надолу по патот, а братучед ми Мурад отиде преку полето, кон каналот за наводнување.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А надолу по жилите, вели, ми слегува некоја топлинка, некое топло бубаче ми слегува надолу, вели, и ме лаза по жилите, по коските.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)