наеднаш (прил.) - скокне (гл.)

Наеднаш скокна, го гушна татка си многу силно, ја бакна силно мајка си, се качи во собата и по десетина минути излета во дворот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
„Чекај“, наеднаш скокна дубровчанецот и втрештено погледа кон небото - денеска сме житар? Да, четврти.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Наеднаш скокнал и со еленски скокови ги прескокнал Турците и - магла. Ја фатил планината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Диме наеднаш скокна и брзо се вовлече под креветот.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)