наеднаш (прил.) - стане (гл.)

За чудо кога стасаа до дното, наеднаш стана светло и двајцата бегалци зинаа од чудо: на неколку чекори од нив, сред мрежа од трева и други подводни растенија, стоеше едно големо чудовиште.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ја бранеа добро границата, излегуваа на крај со италијанските напади во таа рана пролет, што опснежуваше, се гонеа по спиндилиите на Албанската граница во тој април, но наеднаш станаа свесни дека веднаш во нивниот тил се веќе германските тенкови и дека тие продолжувале сето време да бранат една земја, која била прегазена одамна пред тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Како подарок донесоа дел од гнила пенушка и се згуснаа околу огнот. Наеднаш стана потопло и пошумно.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги полнеа лулињата и го стискаа со палци тутунот во земјените грла. И откај другите огнови доаѓаа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На пример оној ден кога, додека се качував по затворските скали наеднаш станав свесен дека токму во тој простор нашата сенка е секогаш со нас, не нè напушта туку се чипчи до нас, нè следи, како да се плаши да не нè загуби!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И уште нешто: во сивото здание ниту еднаш не помислив дека треба да се скријат чувствата, или дека треба да ги избегнуваме насмевките и солзите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Денко Самоников, за чие присуство наеднаш станав свесен, со очигледна вознемиреност се обиде да го фати погледот на Јана а таа тоа не го забележуваше; Јана по сè изгледа, беше зафатена со оценката на моето понатамошно однесување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
небото над Македонија наеднаш стана матно и исчадено како чаден свински бут а кајшто небото е матно и работите се матни и луѓето стануваат матни: под матно небо тешко се наоѓа некој за асолни нови планови.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Од собата се слушаше бучава и говор, кои наеднаш станаа јасни кога се отвори вратата и излезе лакејот со подавалник, полн со испразнети чаши за чај, со сад за шлаг и кошничка со кекси.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Што ќе стане, значи, ако божјата Љубов, која никогаш не може да биде „апстрактна“ туку само „конкретна“, во нашиот атомарен свет наеднаш стане невидлива?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Проникнати сме со опасни струења на не-дух.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)