наоколу (прил.) - бев (гл.)

Наоколу беа видливи остатоците од минато вечерната седенка: отпушоци од цигари, наполнет пепелник, тук- таму понекое парче залутана пепел од многубројните цигари, празно шише од најубавото македонско вино, и нечисти чаши, на кои останале отпечатоците од прстите на гостите.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
За час или час и половина, целиот простор наоколу беше полн со народ.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дупката наоколу беше опашана од толпата, а внатре Јован, како гладијатор, до половина гол, испотен и исцрпен, се бореше со страшната ѕверка - сувата и непопустлива почва.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Целиот простор наоколу беше полуосветлен полумрачен, а во сниските, повеќето двокатни куќи, со спуштени ролетни, како никој да не живееше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не пиштеа сирени и не татнеше небото и сепак - очите на тие наоколу беа ширум отворени, црнките во нив ѕвездесто прскаа и се топеа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Снегот наоколу беше истапкан од добитокот, така што тука не можеше да се забележат траги од волци.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но наоколу беше пусто, се простираше мирна летна ноќ и никој не го виде овој осамотен ноќен посетител на сламената колиба.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Мислам, одеднаш секаде наоколу беа хороскопските знаци.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Единствена промена, за која не знаеше однапред каква ќе биде, и единствен знак на живот во таа изумреност наоколу беа само оние неумоливи и во секоја идна ноќ сѐ поостри и побезбедно гладни и силни писоци на дивината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сѐ наоколу беше подредено во една волшебна ритмичка игра, сè се носеше по оној плисок на водата под него, а тој секогаш наново ѝ се радуваше на секоја нова извадена штица, на секој нов изработен и раздробен трупец.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Насекаде наоколу беше топло, а тој прошепна - Доста.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Најлошо беше тоа, што ја немаше водата, да заплисне и да го проголтне сето во него и сето наоколу во својот сребреникав пороен шум; најлошо беше што сето наоколу беше сковано во оној мраз.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури и кога излезе од гробот и седна на соседната плоча, речиси ништо не чувствуваше: неговите движења беа станале тромави.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сè наоколу беше променето и, едновремено, беше исто; две ѕвезди светкаа право врз него низ велот на пространството; но дали тоа беа ѕвезди?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А наоколу беа дуќаните од чаршијата – турски, каурски, измешани.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Избезумени бегавме назад во домот, сè наоколу беше темница.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Насекаде наоколу беше Големата вода, се колнам, тоа беше единственото што ни остана од животот во домот. Што можевме поголемо, поубаво нешто да имаме?
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Насекаде наоколу беше водата, проклет да бидам, Големата вода како нас да нѐ чекаше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Додека траеше сушата, се наоколу беше немо, не се движеше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Насекаде наоколу беа вода и ѕвезди.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Насекаде наоколу беше глуво, само лутиот ветер остро, како коса минеше над земјата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Насекаде наоколу беше ѕидот и тој силен, смртоносен ѕвон на камбанчето.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се наоколу беше глуво, застанато.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Долго чекаше, наоколу беше само тишината, и по илјада отчукувања на срцето почувствува движење.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)