наполно (прил.) - ја (зам.)

Половината од едната страна, половината од другата, — си заклучи бимбашијата и така направи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е, арамбашо, мрда, мрда, домрда — се провикна еден ден бимбашијата кога наполно ја разбра Толевата тактика.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но кога наполно ја изгради и кога требаше да се всели во неа, да го мине во неа остатокот од животот, качаците го уценија да плати големи пари.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
24. Проучувањето на архивската документација и тогашниот дневен и периодичен печат наполно ја потврдува Мисирковата мисла: на ТМОРО во странство и се даваше главно “бугарска” боја, иако поголемиот дел од македонските раководители упорно се трудеа да го оспорат тоа. 25.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)