наскоро (прил.) - потоа (прил.)

Место да се наспичи на матурскиот испит, Баге тоа си го стори наскоро потоа, без да сети дека на слично сечило ќе наседне.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Исто така, без многу противење го прифати неговиот предлог, да дојде кај него дома. И наскоро потоа - да се пресели. ***
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Навистина, учителката Вера ти е мајка? - ме прашаа девојчињата еден ден, наскоро потоа, заобиколувајќи ме во дворот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Наскоро потоа, се збогував со него. Лажниот лудак беше мој платеник.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Наскоро потоа се донесоа некои нови предмети од Вера и постепено во куќата сѐ стануваше наредено по нејзин вкус.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тој е еден од оние единствени луѓе коишто негуваат најфини чувства и коишто не знаат за што било друго освен за пружање љубезност. Oskar Kokoschka Mein Leben, 1971 Благодарение на финансиската помош на Карл Краус, „Sturm” сега се појави како неделно списание за уметност и веќе во мај 1910 таму беше објавена репродукцијата на еден мој цртеж на Карл Краус, а наскоро потоа и цртежот на Адолф Лос, додека во следните броеви беа објавени моите цртежи за „Убиец, надеж за жените”, како и текстот на една моја драма.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Со време, сигурно и поради очајот во којшто тој сè подлабоко тонеше, Спиро Испустениот стана препобожен човек кој почна прво да оди по црквите околу селото, а наскоро потоа тргна и по манастирите до Демир Хисар, до Струга и Охрид, па дури и до Костур.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Бидејќи тоа беше еден вид работилница со многубројни истражувачки активности, наскоро потоа некое дете откри дека каучукот се кине и друго дека гори, па сите се вдадоа кој повеќе парчиња каучук да накине од прозорците на колата за да имаат цркала како оние што возрасните ги вадеа од гранатите останати по планината од последната војна и кои ноќе на брезничанчињата им овозможуваа забава до зајдување.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)