натаму (прил.) - редовно (прил.)

Иако и натаму редовно одеше на училиште и со успех го водеше својот клас, дома сѐ беше навреме завршено и во ред.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кога во летото се вратив во Скопје, тој и натаму редовно одеше на променада до „Метропол“, само што наместо шапка носеше сламено жирадо, наместо сивиот громби капут – крем костум од ленено платно.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)