наутро (прил.) - го (зам.)

Легнати во кревет, напрчените ќе ги препознаеш по тоа што јорганот со кој се покриваат навечер, наутро го издигаат секогаш на погрешно место.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Очите му одат и на огледалото над водарникот на кое се огледуваше порано при што забележуваше: како што ќе го оставеше лицето навечер во него, такво и наутро го наоѓаше: тажно, јадовно како да се фотографирало во него.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Навечер ја нема мајка ми да ме погали пред заспивање, наутро го нема татко ми да ме разбуди за на школо и да ми направи сендвич.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ужас!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Меѓу другото, забележа ли дека Марфа најспокојно наутро го зема твојот чадор?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Наутро го наоѓаа папсан крај темелите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ја мразеше целата негова гардероба, посебно сината со пердуви исполнета јакна која Дејв ја имаше со години и ја носеше зимно време кога наутро го префрлаше Ренди до училиштето.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Идниот ден наутро го нашле телото на Струма надвор од гробот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
МАРКОВА ЧЕШМА На два километри јужно од местото каде што почнуваат карпите во Демиркаписката Клисура, сред густо зеленило, се издигнува огромната Маркова Чешма низ која од три дулци незадржливо гргори студена планинска вода.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Еве што зборува таа: - Луѓето кои патувале кон југ за Солун, или оние за Скопје и други градови, се исцрпувале од умор и бидејќи немало од каде да ја задоволат својата жед за вода, пиеле вода од Вардар, а затоа што таа била нечиста, добивале болки во стомакот и набрзо умирале.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Петлите, со своето кукурикање, наутро го буделе од сладок сон, а росата го миела со своите сребрени капки.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)