наутро (прил.) - да (сврз.)

Многу е рано наутро да се бакнуваат по автобуските постојки, ама под железничка има двојки кои се разделуваат пред пат, или се сретнуваат по одмори, па денов ми продолжи во слики на љубовни изливи и страсни прегратки, и, судејќи по тоа на колку вљубени им бев „позадина“, утрово има љубов во градов наш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Голема глад владееше тогаш. Немаш трошка, наутро да пропуштиш во душата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Славејче мило, слаткопојно твојот глас е бисер зора кога руди, Ела, песната твоја сакам наутро да ме буди!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)