наутро (прил.) - ќе (чест.)

Го викнаа пак Трајка и му ја предадоа и нему оваа наредба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Наутро ќе излегуваат селаните, на вечер до еден да се прибират дома.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нема тука што да се објаснува, заклучувам и при тоа не знам што се случи, ни што стана со мачките ни што стана со мене, но сум со она чувство со кое машкото наутро ќе се најде со гаќите непријатно влажни.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Кога наутро ќе го завезеше својот од со босите стапала по градската калдрма, ѝ се радуваа камењата на калдрмат и стреите на дуќаните, ѝ се радуваа мајсторите и чираците и пармаците на дворовите и чардаците.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Рано наутро ќе станеше и пак почнуваше со работа, дигаше тешки камења, правеше ѕидови, ги фарбаше дрвените површини од нашата викендичка.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Кога наутро ќе се симнев да си го земам мојот велосипед, со кој одев на работа, имав што да видам, многу отпушоци од цигари.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Понекогаш наутро ќе те слушнев како кашлаш во бањата и тоа го припишував на цигарите кои многу ги пушеше.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Тој наутро ќе отидеше на работа.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
И многу сум среќна дека немам личен доктор за сопруг и партнер, кој секогаш би ми препишувал колку мг. треба да пијам од „енапот“ поради притисокот во вените, колку „деметрин“ во мг. поради несоницата во ноќите кога, од желба по него, очи не можам да затворам, па кога наутро ќе станам од постела бела и незгужвана, со „андоли“ да ми ги олабавува згрчените мускули.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Така уште некаде во четири наутро ќе почнеше програмски потсетник на денот кога храбрите партизани го ослободија нашиот град.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Утре наутро ќе го ослободиш, ќе излезеш од оваа куќа, за да го земам него, неговите и своите работи. Инаку ќе викнам милиција.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Рекол дека тој ќе го чува мртовецот и дека наутро ќе решат што да сторат со таа смрзната смиреност.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најстариот меѓу нив, Симон Наконтик, со чувство дека е најповикан да ја мери правдата, веќе стоел со крената глава помеѓу пркосниците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Жена - не девојка - туку жена која ќе му роди дечиња и навечер ќе му вели „добра ноќ“, а наутро ќе го буди со топол мирислив чај од јагоди, со многу шеќер во него.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Јас не бев, бидејќи бев во Лион.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ме разгали, просто, наутро ќе станеше на прсти да не се разбудам и ќе го замесеше лебот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Таа наутро ќе испредеше цело кило преѓа, а јас сакав многу да ѝ помагам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога требало да мине преку селото направил ризик, си рекол, ќе преспијам кај побратимот и наутро ќе си одам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Но најмногу уплавот им се потсили кога наутро ќе ги видеа прозорците извалкани потемнети од чадот што со маглата се изналепил на стаклото: сонцето низ нив го гледаа матно, црно.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Наутро ќе те истепам, да знаеш.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
До утре наутро ќе знам што да сторам.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Само држете го врзан и наутро ќе му биде подобро.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)