начисто (прил.) - дека (сврз.)

Почнуваме да се успокојуваме, бидејќи сме начисто дека атентаторите немаат ништо против нас.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Бевме начисто дека со татковото заминување заоѓа­ше и нашата семејна моќ.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Дождот е благодет. Нека наврне, нека... - зборуваше старецот и изгледаше како веќе да не зборува за луѓето, туку за себе, а и како да беше начисто дека тоа што го зборува не допира до нив.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Новите палестински лични карти и пасоши беа само влезници за претставата на тој театар...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како и порано, пак Толе отиде кај Андона и овој го покани да преспие кај него, ама сега веќе начисто дека Толе е излезен од дома.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Арафат во себе беше начисто дека беше дел од израелскиот политички фолклор, во кој улогата како претседател му беше строго ограничена.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Велиага ги побара бравите уште утредента и кога не ги најде ни овчарите, беше начисто дека се собрани од арамиите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)