најмалку (прил.) - може (гл.)

Но најмалку можеше да верува, колку и да беше силно спротивното, дека ќе му се случи најголемиот парадокс во животот: социјалистичкиот Суд да му овозможи да трага по отоманските кадиски записи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
А сепак, меѓу врволиците од луѓе и меѓу љубопитните шетачи, најмалку можат да се забележат Французи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но Климент Камилски умееше да изненади кога тоа најмалку можеше да се очекува.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Притоа, поетското писмо намалку може да се сфати само низ неговата графичка посебност.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Стана, па прв се прегрна и се бакна со Антима, потоа со татковска нежност ја прегрна малата Иринка, која, иако причина за оваа веселба, најмалку можеше да сфати што се случува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но, за него тој човек отсекогаш бил еден од оние, со кои што тој најмалку можеше да разговара.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа изгледаше исто онака вретенесто и далечно, како што изгледаат рибите во матната вода, а тој никогаш не стаса да го дофати ни со мислите тоа меркање, што изгинуваше наеднаш, за да се појави пак на она место, каде што најмалку го очекувал, и во оној миг од разресената лента на сознанието, каде што најмалку можеше да го осмисли.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога најмалку можеше да го очекува.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Дека најмалку можело да станува збор за шпионче бидејќи спомнатата личност во текот на војната била курир на другарот Ведран.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)