најмалку (прил.) - со (предл.)

Преостаната работна способност постои кога осигуреникот, кај кого е утврдено намалување на работната способност, може да работи најмалку со половина од полното работно време на работното место на кое работел пред настанувањето на инвалидноста или може да работи полно работно време на друго работно место – со или без преквалификација или доквалификација (поранешен чл. 42, ЗПИО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
4.  Намалена работна способност постои кога осигуреникот, со нормален работен напор што не ја загрозува неговата здравствена состојба – повеќе не може, со полно работно време, да работи на работното место според кое се оценува инвалидноста (поранешен чл. 41, ЗПИО кој тогаш беше во сила).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
При тоа, кај професионалната неспособност за работа има две новини: прво, при нејзиното утврдување како критериум се внесува споредбата со работната способност на физички и психички здрав осигуреник со исто или слично образование и способност и, второ, дека таа главно е операционализирана преку утврдувањето на преостаната работна способност, кај која повеќе не фигурира можноста лицето со утврдена преостаната работна способност да работи најмалку со половина од полното работно време на работното место на кое работел (чл. 12, ЗИДЗПИО/07).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)