најмногу (прил.) - токму (прил.)

Дали сепак токму сомневањата од ваков вид за судбината на таткото на Иван не беа причина да го избегнува јасниот одговор?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Даскалов прилично се труди. Се однесува како да загубил најмногу токму тој со заминувањето на покојната.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зар таа не сакаше, спомнувајќи ја стијата и злото, да ми наговести трагичен завршеток, грозен крај, за кој веруваше дека се случил, кој најмногу токму неа ја имаше погодено; па сепак, иако ваквиот грозен крај го најавуваше како сомнение па дури и како доживеана болка, таа не беше спремна да го прифати а уште помалку да го смести помеѓу грдите и непријатни искуства!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Долу, на местото на несреќата, кога му изразив нешто што требеше да се протолкува како жалење за смртта на Таша, како мој личен израз на болка во однос на жалниов настан, тој го сфати моево обраќање како сочувство упатено нему ; Таша како да му била блиска роднина, или нешто поблиско и од тоа!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)