најпрвин (прил.) - тивко (прил.)

Од дворот на гимназијата, најпрвин тивко а потоа сѐ посилно, долета врева на нејасни гласови.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А Крстовица првин се стаписа, се слиса, ѝ стежна срцето, се стресе како да ја зграби студешница, нешто стопоти во неа, саклет ја стегна, ја сподави, пред очите сѐ повеќе ѝ се згустува мракот, се свиткуваат гредите, се навалуваат ѕидовите, стега таванот, нозете супрашка ѝ ги пече и санкум скудоумна, олелека најпрвин тивко, болката во липтежот ѝ ги искриви усните, ѝ го огрде лицето и, гледајќи наоколу со молбен поглед, подаде раце...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ако мајка му е во Прењес, кој ќе го најде писмото, нека ѝ каже. Јас, Паскал на Аргировци сум ранет...“
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
На чекор или два, во тревата се одгласи штурче, најпрвин тивко, испрекинато, срамежливо...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Послушно тргнува накај својата рогозина, каде што, ја води Пандо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И така, сѐ уште клечејќи, на подот ја посла црната шамија, ги рашири рацете и зареди: - Ристеее, чедо, стани, Ристеее...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)