најчесто (прил.) - доаѓа (гл.)

Освен тие два формални маниризми и ликовните и песните со букви, Курциус пронаоѓа четири „главни вида“: 1. logodaedalia, т.е. употребата само на едносложни зборови во стиховите; 2. асиндет кој го исполнува целиот стих, т.е. натрупување на зборови во стихот; 3. versus rapportati, т.е. „повеќе вкрстени набројувања, при што именките, глаголите, придавките, прилозите итн. најчесто доаѓајќи во тројства можат да се препознаат како взаемно припаѓачки елементи дури со разрешувањето на целата стиховна комбинација, а обликот на реченицата што се слуша заведува на лажни патишта, се губи, и станува погоден само за окото“.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Кај алкосите можно е да се јави цироза јетре ама тоа е случај само при патолошко пиење, додека кај малоумните џанкерчиња најчесто доаѓа до сушење на мозокот кој и онака го имаат во мали количини.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Се случуваше, братот, педијатар, најчесто доаѓајќи за да си ја види својата мајка, да прегледа или да упати на натамошно лекување и неколку маалски деца од најсиромашните семејства кои се наоѓаа на списокот на добрината на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога одлучи во зенитот на својата младост да го напушти Цариград, најчесто доаѓаше во храмот, небаре потсвесно да си ја види сликата на својата судбина.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)