најчесто (прил.) - во (предл.)

Со тоа сите поранешни договори и спогодби заклучени од страна на Србија со балканските држави за поделба на Македонија престануваат да важат, а српската пропаганда во Македонија, најчесто во сојужништво со грчката и во дослух со Турците поведува остра борба против „бугарштината“, а за србизирање, односно грцизирање на Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сите видови можат да се пушат (помешани со тутун или чисти) или да се јадат (најчесто во колачи).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Со зборот “souffleur”, повторно се раѓа алузија на здивот, на оној што дише, на ликот кој го сретнуваме најчесто во мистичко-езотериските Кирхерови расправи.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Камилски се враќаше дома потпевнувајќи една арија од Верди, која обично ја потпевнуваше во радосни мигови, но најчесто во својата библиотека, крај отворените книги, особено кога ќе наидеше на мисла при читањето, којашто ќе му го огрееше срцето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тогаш неговиот весел и полетен пев прострујуваше во куќата и тоа беше сигнал дека Камилски сретнал добар автор меѓу многуте книги во својата библиотека.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Страста на тоа дете за обликување му ја задоволував создавајќи портрети на луѓе или фигури на животни во глина, во дрво, во песок, но најчесто во снег.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
На враќање од Лагадин, ако не беше предоцна, навраќаа во некое диско, најчесто во „Мусандра“ после што, доцна по полноќ, Едо имаше чувство дека толку многу сè му е потокмено.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А тој никако не можеше да разбере дали тие живеат или не.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во библиотеката книгите ги избираше по случај: најчесто во рацете му паѓаше Калдерон.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се пишувало најчесто во одредени клучни моменти во животот: при селидби, суши, глад, при стигнување во туѓина, при свадби, раѓања, умирачки.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но дали душите се селат или остануваат во пределите каде што некаде сме ги сретнале, најчесто во годините на детскиот рај.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Секој ден пристигаа нови ранети, а оние што заздравуваа ги префрлуваа во други болници, а најчесто во Сук.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А нели, притоа мислиме на кутриот кодош?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тоа веројатно требаше да се спомнатите веќе страдања кои се јавуваат како последици од доставките што им ги приложуваат на одредени служби платените нашепнувачи, и тоа најчесто во вид на напишани извештаи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Најчесто во името на среќата на сите, се задоволува личниот егоизам, особено амбицијата низ илузијата да се остане во историјата, да се обезбеди место во вечноста без оглед на жртвите крај боговите...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И еве уште еден пример во медитеранската игра на судбината на човекот меѓу среќата и несреќата, светлината и темнината, во трагичното проклетство и во неговите урнатини, кога продолжува вечното отпочнување на човековиот живот...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И потоа продолжува миграцијата на мртвите туни кон светските пазари во западна Европа и најчесто во Јапонија, за да завршат во малите конзерви.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Да се суди за себеси во историјата од позиција на владетел значи и соочување со фаталноста.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нема војска која не е јаничарска! Нема војска со која не се манипулира. Најчесто во името на соочувањето со мирот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Вратените од преку океанот – на сликите дотерани и насмевнати, ведри им се лицата и облеката градска, изгледаат задоволни и сити, а домашните – најчесто во селска носија, натажени, во очите им е вгнездена длабока грижа, погледот молежлив и тажен и оставаат впечаток дека некого и нешто чекаат...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Младите премолчуваа, се чудеа, уште не знаеја што е старост, средовечните се потсмеваа, а постарите најчесто во себе си повторуваа: „Арно се рекло, Господе, чувај нѐ од лоша сетнина!“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Од процепите на камењето на тврдината излетуваа илјадници чавки кои најчесто во меланхоличен прелет, со здружен повик што чиниш ја бранува синевината на небото и повикува на далечно и неизвесно патување, запираа на гранките од тополите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сега бегањето преку граница, најчесто во смрт води. Порано беше полесно.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)