небаре (прил.) - изгубен (прид.)

За Татко, кој бараше излез од егзилот со враќањето во родната земја, сега ова враќање на јагулите низ новата генерација, посебно го привлекуваше како остварена парадигма во природниот универзум, чија смисла како да беше загубена за човекот, небаре изгубен рај.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Вујната Клементина ќе излезе речиси преобратена, но и убедена дека го пронашла вистинското училиште за својата внука, која си ја сметаше за свое чедо, небаре изгубено во балканското стадо, сакајќи да го врати еднаш засекогаш.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)