небаре (прил.) - цел (прид.)

Под цокулите крцка снегот и ѝ се чини толку гласно е крцкањето, небаре цела чета чекори зад неа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И сето тоа стана како на сон: небаре цело време преоѓав од еден сон во друг, ни за миг не будејќи се.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си се распиштолила, небаре целата земјанка е твојa...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Бидејќи цела младост ја учевме само вашата партизанштина, небаре целата историја почнуваше од вас, дури, ете, се создаде одбивност и кај најмладите за вашите заслуги, а и мене ми се чини дека и нам, на вашите деца, не ни дадовте да имаме своја историја и своја личност.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Но место тоа, тој запева, небаре цело време ја дуел гајдата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Небаре цела Европа да се враќа од Сибир.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)