небаре (прил.) - да (сврз.)

Средната што беше, сега десна, се заврте небаре да ја вика Бојана, но не можеше да изусти глас.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Некој многу чуден кикот, небаре да плаче човекот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Небаре да ги фатила мувата, да им влегла под опашка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се однесува небаре да е преполна со среќа, уморена од обилен живот, па сака и мене малку да ми оттури, да ми отстапи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Небаре да плачат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Небаре да потпевнуваат, заедно со водата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дишеме, небаре да сме ја подгазиле душата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа сигурно во својата меморија ја задржуваше повеста за времето на козите и прашањето за нејзината автентичност, но ја задржуваше и за други времиња, небаре да ферментира во нејзината свест и да ми ја изложи неочекувано во друга пригода и со сосем подруг контекст од очекуваниот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Откако ги заврши работите што беше предвидела да ги заврши утрешниот ден, само за да го следи Татко во ноќта, небаре да го преземе својот дел од одговорноста од татковото замислено патување, кое еден ден можеше да продолжи во реалноста, тивко се прикраде до неговата соба.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сега, Чако лае и квичи, небаре да плаче.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Небаре да сум се искачувала нагоре, кон Млакине, во Присојон и како да сум го загубила редот во дишењето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
дрво удрено од ровја, црно и го фаќам в гуша и го стегам колку што можам, а тој само потклекнува и кркори, небаре да брбори во вирче вода, пушта шапки и очите му излегуваат надвор, ко откатени ореви, бамуја, и потоа памтам само дека ме удри нешто по глава, и ми скрцка нешто во главата, мислиш некој џам ти се скрши во главата и после, кога се освестив се видов бос, ми ги собуле чевлите и чевлите ги видов на нозете од старшијата, оти после многу денови ме тепаше, ќе ме потепа, потепа, и ќе си фати настрана, и ќе се погледнува во чевлите, во ботушите, ќе се кочопери, ко петел на буниште, ама нема веќе што да ми земе, може само животот или калта од под ноктиве да ми ги земе, и сега еве се дотркалав и до ножот од брат ми...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само да чујат да цвикне од некоја кочина и еве ги на гости. Ја отвораат кочината, небаре да е нивна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)