небаре (прил.) - да (чест.)

А другиот дел на истото семејство, на кое бездруго и јас бев далечен потомок, низ многу, многу генерации остана небаре да вечнее крај морскиот брег со довикот кон своите, на другиот брег, со надеж дека судбината еден ден повторно ќе ги зближи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Требаше само најмала искра, или некое друго поместување во душата, небаре да се отвори некаква Пандорина кутија, за да се ослободи потиснатото бреме од патувањето во Албанија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)