негде (прил.) - скраја (прил.)

Ќе дојдеше кај нас дури кога ќе пиевме чај, ќе го донесеше со себе она негово вечно извињајус, ја виноват и ќе избереше место негде скраја што не паѓа в очи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сега кога знаеме оти младоста ги напушта и похрабрите од нас нема повеќе по што да жалиме Блаже, да каснеме од твоите Чушки Горчината е најблагиот корен на сладоста Нас слична глад и иста жед нè измачува Да седнеме на софрата на Поезијата негде скраја Подалеку од челното место И од оние кои шумно зборуваат а тихо мислат Сакам да ме поучиш како засмејуваат обичните зборови оние зад кои ја криеше тагата.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Кога престана да му плеска на она првомајско привидение Пепрутката, веројатно понесена од некое посебно чувство, ми го постави најчудното и најнејасното прашање: дали сум посакувал да учествуваме во некоја заедничка игра, игра во која ќе имало малку свеченост но многу возбуда?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Децата треба да ни веруваат!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Добро, бев упатен во тие потраги, но тие беа нејзин труд а јас можев да ја придружувам, и тоа само во фантазијата потајно, и негде скраја.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)