недозволен (прил.) - ужасен (прид.)

По некое време успеав да ѝ речам: - Немој да се изненадуваш што не покажувам знаци на радост, едноставно не можам сè уште да се радувам – а таа не престануваше да ме гушка и да ме бакнува и да повторува: - Знам, знам, мило мое, најмило мое, знам како ти е.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Молчев и ја гледав право в очи, како да сакам да се уверам дека не се шегува со мене, иако добро знаев дека ја зборува вистината, оти тоа ќе беше недозволено ужасна шега ако ме лажеше и таа никогаш не би ми го сторила.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)