незамислив (прил.) - во (предл.)

Зашто свеченото сликање на емоционалното и на физичкото насилство во Најмила мамичке е сјаен пример за неуспешна сериозност – токму својството што Сузан Зонтаг со право го утврдила како определителна особеност на кампот.300 Но, зошто потфрла обидот на филмот да претстави ситуација што истовремено е и трагична и ужасна или не успева да ги исполни условите за вистинска сериозност, па станува смешен? ‌Многубројни се причините што би можеле да ги наведете: дводимензионалнитe, кабукистички изградени ликови; преглумувањето; растегнатите сцени со невидена емоционална претераност; ревноста и високопарноста на приказната – „грамадните громки пресврти“, како што тоа добро го срочил еден од нашите коментатори на Амазон, поради кои „се истиснале суптилноста и чувствителноста“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Едно такво недостоинствено, начисто омаловажувачко разоткривање на патетичната ранливост на ликот би било крајно незамисливо во Милдред Пирс; би било исто толку неусогласено со отмениот стил на филмот колку што се и оние далечни и отуѓувачки кадрирања.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И визуелната монтажа е приложник на важен елемент, особено кон крајот на сцената со отуѓувачката примена на кадрирање од високо и од далечина (види, на пример, слика 15), со која се поттикнува емоционалната отуѓеност на гледачот од ликовите, а судирот меѓу двете жени се претвора во чиста претстава – претстава поставена конкретно за далечно и збунето (машко) гледање. ‌Особено понижувачко за ликовите, а со тоа и ласкаво за гледачите, посебно за мажите меѓу нив, е настојчивото наѕирање на детинската бела долна облека на Тина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Беше незамисливо во стварност на овој начин да оживее патот на јагулите, но никој не ги спречуваше да го откријат патот во фантастичната имагинација на научниците.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)