неизмерен (прил.) - среќен (прид.)

Проклет да бидам, колку малку требало човек да се почувствува неизмерно среќен, радосен, полн со слатки, занесни соништа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сфати дека е неизмерно среќен што го има ова убаво дете, прекрасно и заљубено.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Милион ситници од Икеа те прават неизмерно среќен, гордо газиш по хардвудот што сам си го местел...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Животот без неа ќе му немаше никаква смисла.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)