некаде (прил.) - таму (прил.)

Некаде таму, далеку во котлината ѝ се пристори дека болсна светлина и таму го сосредоточи погледот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Знаеше, исто така, дека некаде таму таа е сѐ уште жива и дека ѝ е потребна неговата помош.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Многу понејасно помислуваше на Џулија. Некаде таму таа страда, можеби и многу повеќе од него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога ќе се пристигне до највисоката кота, тогаш, како на дланка, се открива морето, сета бескрајност на морето, а некаде таму, во длабината на ширината се наѕира островот Тасос по зло познат од времето на војната, зашто тука бил лоциран фашистичкиот логор, а во него биле интернирани и многу Македонци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ама! Некаде таму, кај пругата што сите други ги води некаде, спуштена е рампата и свети тоа проклето црвено на семафорот, поставен за предупредување.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И ме разоткри, а кога притрчаа и другите две девојки за да побараат дозвола за сладолед, на овие од „пекарата“ им преседна муабетот, а беа и посрамени затоа што го препознаа јазикот на кој разговарав со децата и им беше јасно дека Германката - јас, сè ги разбрала, и дека оној најдобриот меѓу нив во одредени активности залудно си се проектирал некаде таму далеку со неа во Дизелдорф.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Плачеше врз туѓи камења кои означуваа нечии гробови затоа што свињите што риеја по раздавките што ожалостените ги оставаа, за да им се најдат на покојните некаде таму горе, ги подбутнуваа и им го нарушуваа редот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Беше како целиот свет да бил отсекогаш само една таква кобна осојничава модрина, во која синото се разлеваше, сѐ посилно пробивајќи се и преплавувајќи сѐ друго со својата мртва потечност, и само некаде таму, напред, зад сето тоа, стои некаква топлинка, што те влече.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А сега не можам да те оставам, мислам дека и ти самиот го разбираш тоа во мене, му зборуваше на самјакот пред себе, некаде таму, далеку напред, меѓу дрвјата од таа волшебна снежна шума, зачекорен и вгорен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Имаше потреба сето тоа да го извади од себе. Премногу ѝ тежеше. Потиснато некаде таму. Во потсвеста. Со никого несподелено. Никому нераскажано. *** ...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ни рекоа: само да се смири малку, да ги отфрлат владините војски некаде таму, кон Олимп, да ин ги уништат аеродромите и авионите, та потоа ќе се вратиме дома, ќе учиме нема да се криеме по шумите, да спиеме под голо небо или во пештери.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Си ги стави рацете на половината и онака, со подигната брада, прво не погледна нас, а потоа некаде таму, далеку зад нас, каде до недоглед имаше само вода и вода...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Нешто некаде ја носи, ја носи, ја носи низ некое темничиште, како низ некој тунел, а некаде таму, отаде, на другиот крај од тунелот зрачи некоја светлина што се лачи во меко сина а силно виолетова, и тоа ѝ влева надеж, па сака што поскоро да се најде на другиот крај од тунелот, во светлината каде што Пандо нејзин сигурно ја чека.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Дотогаш се плашев да им се приближам на другите деца (брат ми Зигмунд за мене никогаш не беше дете), некоја чудна непријатност ме облеваше дури и од присуството на моите сестри, ама уште кога го видов Рајнер, сакав да бидам близу до него.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Иако беа минале години, јас го познав погледот – тоа беа очи кои плачат навнатре, а солзите капат некаде таму, длабоко во него.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа беа очите на Рајнер Рихтер.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имаше поинакви очи од сите деца кои ги бев видела; тоа беа очи кои плачеа навнатре, а солзите паѓаа некаде таму, длабоко во него, и не го носеа она ослободување кое доаѓа по плачењето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Без да се сврти знаеше дека е Теми: „Таму некаде“, покажуваше вдесно кон сивата маглина од каде што изронуваа контури на најгорните катови, „некаде таму е нашата населба.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)