некаде (прил.) - дека (сврз.)

И не само што не му текна тоа, туку помисли дека Ангеле знае од некаде дека од оние пари што ги собираше од селаните зел и тој.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сум читал или сум слушал некаде дека онаму кај што молчат гробовите, го снемува животот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Прочитав некаде дека мозокот бил ерогена зона па оваа теза ме наведе на едно сериозно размислување.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Сум прочитал некаде дека уште пред три илјади години сме дошле до сите важни идеи, можеби сега ставаме само нов пламен на стариот јаглен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А ти си научил некаде дека уметниците рушат затвори, па ајде и ти ќе рушиш? Што?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Се колнам во ѕвездите кои веќе отпатуваа некаде дека копнеев мојата душа да ме придружува на сите кораби и галии и по сите мориња по кои пловев, но, дури сега сфатив дека мојата душа се пресоздала во сенка, а сенката веќе ја - нема.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)