некако (прил.) - во (предл.)

Иако возрасен, веќе момче на осумнаесет години го примија во први клас и за еден два месеца до 11 мај, денот на Света Кирил и Методија, протутна некако во втори клас.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На исток Тиквешијата — бетер. Повеќе беља од башибозуците отколку од редовната војска.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Чарето тоа е. Да се ваќа орманот: Кравица, Добро Поле, Соколот; ако може мајката планина да не зас'не — им советува Толе и ги изведе еден ден на врвот на Соколот, на границата меѓу Мариово и Меглен, та ако дојде зорт, да можат да се преметнат некако во Пајак.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сѐ се одвива некако во еднаков амбиент, под отворено небо.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Стасав на ред некако во гужвата да ги извадам парите од банка кои ми беа единствената заштеда.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Некако во последно време сѐ почесто чувствувам замор. - Тоа ти е од цигарите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Некако во последно време сѐ поретко ме дочекува пред прагот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Воопшто некако во целата таа вечер ни беше пријатно на сите тројца: на тато, на Ели и мене...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тие волшебни простори од детството одамна ги немаше, исчезнаа некако без тој да ги осведочи, исто како што дедо му почина некако во негово отсуство.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Последниве зборови си ги промрморе некако во носот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ние двајцата некако во исто време купивме кола. Јас имав едно фијатче од тие малите.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Уште пред да може да им се најде некакво поголемо значење на нејзините врели и недоречени написи (секако под псевдоним) во весниците Дрошак и Про Армениа, некако во времето ерменско- македонскиот митинг во Париз, во 1904, или порано, Рубина Фаин сѐ почесто сонува црвени пожари и виорења на пламени знамиња над кои, сличен на легендарниот громовник стои таткото на ерменското револуционерно движење, Кристапор Микелјан, жолт, расторбешен, куц и брадест, сличен и на праматар и на изгладнет филозоф, човек во чии очи можела да се прочита болката на сите испозаклани Ерменци од преострите сабји благословени од самиот султан, од неговите суви усни без насмевка и затворени во венец на побелена брада, света и злокобна како за него.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Нејзе уште од мала ѝ е всадено чувство на стравопочит спрема чорбаџијата, повеќе на страв, отколку на почит, и тоа чувство ѝ преминало некако во навика, така што нејзиниот страв не е силен но затоа е постојан.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Се држеше некако во одбрана.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ако нема пари, тогаш ќе треба вие да ми помогнете некако во оваа хаосна положба!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ќе го издлабеше некако во снежниот намет.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некако во истиот миг тоа го откри и Претседателот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Такви, исплашени и грди, стасале некако во Кукулино.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога од некое мртво дрво писнал був, од водата на мочуриштето излегле жаби со рокчиња и ги облазиле злодеите, па наутро, под сонце, имале што да видат: од носот до ножните прсти се посипале со красти.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Изгледаше некако во занес, како малку внатре да ѝ беа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сопругата некако в час ја снема од дома.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
На лево си од мене и некако во пар, гледано од точката на занемарување заради желбата за постоење, составот личи на беззвучната-х.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Не стаса да ја изусти и последната желба: да го стуткаат некако во винско шише и да го пуштат да се изнаплови по морињата, барем така еднаш да види море.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Му се испушти некако во веселбата кога го женевме. Јон за ова ништо не ми кажа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некако во тоа време се стуши воздухот, падна небото и се истури.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)