некако (прил.) - несреќен (прид.)

Тоа е она што ги прави општествено соодветни за мажите, како и потврдни и консолидирачки за машкиот родов идентитет, според поимањето во Бергеровата анализа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Машкото натпреварување обично е поучна глетка и треба да се очекува дека ќе предизвика уважителен поглед кај гледачите, додека глетката на женски натпревар, на жени заденати в бoj... е тоа, барем во очите на гледачите мажи, некако несреќно се преиначува во приказ на нешто недолично, абјектно и неугледно, на нешто што е непријатно блиску до женско борење в кал.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Исто така, тоа е она што ги прави општествено незгодни за жените – односно, за нормативно женствените жени (лезбејките не ги чувствуваат истите стеги) – иако таквата незгодност можеби се намалува во САД, особено откако во 1972 година Конгресот го донесе поглавје IX од Законот за изменување и дополнување на Законот за образованието и откако, оттаму, се зголеми застапеноста на ученичките и на студентките во средношколскиот и во факултетскиот спорт.288 Кога се работи за мажи, бидејќи за натпреварувачките тимски спортови се смета дека претставуваат дејство, играчите во спортскиот натпревар не изгледаат како да ѝ приредуваат претстава на некаква публика, која природно се собира околу нив, привлечена од природно занимливата глетка со мажи заденати в бој.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)