некако (прил.) - премногу (прил.)

Сега ти ми зазвучи некако премногу стручно и официјално, небаре ми држиш предавање!
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Акакиј Акакиевич извесно време почна да чувствува дека нешто почна некако премногу силно да го пробива во грбот и во рамото, и покрај тоа што тој се трудеше колку што е можно побргу да го претрча вообичаеното растојание.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И срцето станува некако премногу чувствително.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Се забележува некаква си жал за луѓето и за рибите и желба да им се помогне.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Како што му се стори, таа во пеењето на оваа мелодија некако премногу се внесуваше, доживувајќи го секој тон.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Целта е, како и при создавањето на музиката, секој елемент од говорот да се доживее и набљудува во својата посебност и “таквост”; но таквата аналитичка постапка некако премногу механички и произволно ја разбива органската структура каква што е јазикот, и тоа само на начин кој е квазиобјективен.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)