некогаш (прил.) - живее (гл.)

Вечерно време пашите, беговите, агите и дервишите седеле, пиеле црно кафе, пушеле тутун со долгите чибуци и разговарале.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во неа некогаш живееле само Турци.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тоа беше еден пристар Германец, со бела коса, кој некогаш живеел во Чешка и така со него полесно се разбирав.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Фамозно гостољубивите домаќини ме сместија во легендарниот хотел Палас, во кој некогаш живеел Ќемал Ататурк, како и сите славни личности кои престојувале во Цариград, како Хеминgвеј, Агата Кристи и други, со имиња на рлочките на вратите во собите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Лакхдар ја забележа мојата зачуденост и ми рече: Јас, знаете, живеам во Ла Марса (резиденцијален кварт близу Картагина) во куќата во која некогаш живеел Андре Жид.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Овде, во куќата како да е сѐ уште присутен духот на Жид!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Лакхдар беше во право. Вилата во која некогаш живеел Андре Жид во Ла Марса беше со убав видик на морето, со градина сета обрасната во густо медитеранско билје, насекаде проникнато со стракови јасминово цвеќе, со шадрван на средината.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ми олесна кога ги видов овие две познати книги кои ми беа блиски и по мојата иницијална и постојана професија како професор по француска книжевност.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Стар вид што некогаш живеел овде.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)