некогаш (прил.) - мечтае (гл.)

„А јас, ете, некогаш мечтаев да заминам за Венеција.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас заборавав на себе: чекорев по улиците, ги минував мостовите, се загледував во реката, понекогаш го кревав погледот кон небото, седев на некоја клупа, навечер се будев и гледав во мракот; сето тоа го правев јас, но мене ме немаше, а Рајнер беше секогаш тука – помислата дека на една млада жена ѝ ги шепоти зборовите на нежност, претставата за нивните тела како се соединуваат, претпоставувањето на нивната иднина, онаа иднина за која некогаш мечтаевме Рајнер и јас – за вечна љубов, семејство и дом во Венеција.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Можеби Аритон Јаковлески (господе, ако тоа беше неговото вистинско име, војната сè менува кај човека), можеби тој некогаш мечтаел, се надевал, можеби љубел!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Потоа разговорот тргна кон друга страна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тие нешта беа во мене повеќе од мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)