некогаш (прил.) - му (зам.)

„Ќе се обесам, Арсо, ако ти некому некогаш му помогнеш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе се обесам ако не е така.“ „Ќе ти помогнам да ја врзеш јамката.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стигнуваа абери и од другата страна на границата, од Албанија дека и таму се извишуваат нови насипи и хидроцентрали, како што некогаш му навестуваше Гури Порадеци на Татко.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И додека немоќен, престрашен од себе, го пушташе тој грчевит звук да се излие од неговата ништожна, скршена сила, му прелета дека жената, единствената на која ѝ дозволи да ѕирне внатре, зад ѕидот, некогаш му рече дека неговата смеа е гласна воздишка.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Тенеси ја уфрли во својата off- бродвејска претстава Small Craft Warnings и тоа беше најблизу што некогаш му пристапилла на шоу бизнисот. 1974. доби рак и со недели лежеше во болницата Колумбус, спроти Фектори, и полека умираше.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Иако таа беше во години, изгледот нејзин ѝ беше младешки, очите полни со сјај и опчинувачки, лицето поднасмевнато и со дупчиња на образите; усните меки и сочни; само не му се допаѓаше што таа премногу го лепеше лицето со крем за да ги израмни неколкуте брчки на него, па некогаш му заличуваше на маска и ја тераше да го истрие со крпа или да го измие.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
А гледаш, Дед Павел како да не се сложуваше со мене.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не е лесно да закопаш дел од својот живот особено тогаш кога твојата храброст ќе ја насрчи неправдата и злото кај оној кому некогаш му ја имаш доверено својата доверба.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)