некогаш (прил.) - за (предл.)

Во месечното списание Современост во ноемврискиот број на 1957 година Климент Камилски ја објави студијата Ромен Ролан за Октомвриската револуција, во која ги распосла своите слободарски и мирољубиви идеи, кои некогаш за малку глава ќе го чинеа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На Камилски не му беше познат овој факт, тој ниту некогаш за него размислувал до Татковото потсетување за тоа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Затоа без да интервенира продолжи да го слуша Татко внимателно: Според некои извори, барутот бил откриен во Кина за време на династијата Хан, но повеќе историчари се согласни дека топовскиот барут бил откриен во Кина во VII век за време династијата Танк...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Направи пауза отец Иларион и продолжи: - Душата е корен во човекот; како што од коренот на дрвото се храни стеблото, гранките, лисјата, плодовите - така од неа се храни телото, видот, слухот, говорот, волјата, свеста и сè што човекот има; таа е извор од каде сѐ почнува и сѐ враќа; огледало севидливо; владател и роб; таа е целина како сонцето; сеопшта суштина; сила што обновува како соковите што го обновуваат сувото стебло давајќи му нови израстоци; таа е бунар во кој водата е матна или бистра, мирна или замрешкана; светлост затворена во пештера од крв и месо; зрачи, или потемнува; пламен и пепел; камен гранитен или прашинка; оган кој дур е под контрола е благодет, а потоа пустошник; какво тело носи, таков лик има; со менување на телото, и ликот си го менува; по неа се чита и открива човекот; често е читлива, а често загадочна; некогаш ти допушта да ѝ се вдлабиш и да ја видиш, а некогаш за миг ќе те заслепи како поглед во сонце; некогаш е живо железо што тече, поток без форма; кораб на отворено море; пространство огромно, но и теснец затворен во тајните свои; нѐ држи цврсто како градба, верно нѐ придружува, но не знаеш во кој миг ќе нѐ изневери...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Си чул ли некогаш за Јохан Гутемберг, еден германски златар? Не си чул, сигурно.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)