некогаш (прил.) - нејзин (прид.)

Кога слушнав како некој за прв и последен пат во мојот живот ми вели “мамо”, времињата се преклопија – некогаш нејзината мајка во неа ја гледала својата мајка а за мене мислела дека сум ќерка ѝ Амалија, сега мојата мајка мислеше дека сум ѝ мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ме држеше за рака некое време, а потоа зениците ѝ се превртеа, закркоре, устата ѝ фати пена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Загубените петнаесетина килограми, за некогаш нејзината идеална тежина, беа многу.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)