некогаш (прил.) - подоцна (прил.)

И никогаш ниту тогаш, кога се доселија, ниту некогаш подоцна не се замешаа во животот на населбата, сите односи со нејзините жители ги решаваа преку некого од луѓето кого ќе го одредеа за субаша.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Па, сепак, и покрај што сите христијани во Потковицата беа будни, освен Јосифа Акиноски и Васила Митрески, и, се разбира, освен нив, Јанческите, никој друг, ниту тогаш ниту некогаш подоцна, го виде човекот што таа ноќ, во простата 1857 година, во вторникот спроти среда, помеѓу Богојавление и свети Јован Крстител, засекогаш го однесе од Потковицата Бошета Анѓелов Јанчески.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се прашуваше себеси дали не ќе биде подобро да замине и да се врати некогаш подоцна кога ќе дојде до некоја трага или ќе се досети што би било подобро да направи за пак да се обиде.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)