некогаш (прил.) - толку (прил.)

Зарем Господ слушнал ли некогаш толку многу молитви?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Фантазијата е фина работа. Меѓутоа, некогаш толку многу знае да нѐ опседне, што забораваме како е да живееме во реалниот свет.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ветерот во едрата некогаш е тивок и нечуен, а некогаш толку силен што кормилото на животот скршнува во непознат правец, судбината со своите опструкции те предизвикува да играш по нејзини правила.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не го гледав она што некогаш толку силно копнеев да го видам; меѓу моите очи и Венеција паѓаше онаа завеса што со годините станува сѐ понепроѕирна, сѐ потемна, а која нѐ дели од сѐ она што е околу нас, па ни се чини дека и она што ни е и на дофат на раката му припаѓа на некој друг свет, свет кој не ни припаѓа нам, и во кој ние не припаѓаме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Брат ми предложи да се качиме на гондола. „Не,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)